САД го потврдија убиството на ,,Крвникот од Качаник“

Коалициските сили на  САД потврдија дека еден од командантите на  Исламска држава, косовскиот Албанац Љавдрим Мухаџери е убиен во Сирија.

Мухаџери е убиен на 7. јуни во воздушен напад  кај  Мајадин, во близина на  Деир ез Зора на истокот на Сирија, изјави портпаролот на  коалициските сили, полковник  Рајан Дилон, пренесува АФП.

Заради бруталните егзекуции од негова страна, Муџахери е наречен”Крвник од Качаник”.

“Тој беше  Албанец од Косово и самопрогласен  лидер на странските борци на  Исламска држава од Косово”, изјави Дилон во текот на видео-конференцијата од Багдад .

Мухаџери бил најпознат и најрадикален албански борец во Сирија, а бил задолжен и за поттикнување на исламска радикална и џихадистичка идеологија во Европа. Тој вршел регрутација на борци од овој дел на светот за потребите на Исламска држава.

Меѓу бројните напади кои му се припишуваат, тој го организирал и несупешниот напад врз израелските фудбалери во Албанија минатата година.

 

Во минататото, на интернет беа лиферувани бројни снимки на кои се гледа како тој извршува егзекуции врз затвореници со отсекување на глава.