САД ја поддржуваат Шпанија во напорите да го спречи отцепувањето на Каталонија

Американскиот Стејт Департмент ја поддржува Шпанија и е против отцепувањето на Каталонија.

Официјален Вашингтон смета дека Каталонија е интегративен дел од Шпанија и ја поддржува Владата во напорите таа да остане единствена.

 

,,Каталонија е интегрален дел на Шпанија. САД ја поддржува Владата на Шпанија и спроведувањето на уставните мерки за да ја одржат земјата силна и единствена“-изјави портпаролката на СД, Хедер Наурет.