Саемот на книгата во Белград го посетиле 187.457 луѓе

Меѓународниот белградски саем на книгата, единствен од таков вид во регионот и пошироко, годинава од 22 до 29 октомври го посетиле 187.457 луѓе.

На саемот учествувале 519 излагачи на книги, од тоа 409 српски и 116 странски.

 

Покрај излагачи од  Србија, учествувале и од Ангола, Белорусија, Босна и Херцеговина, Индија, Иран, Јапонија, Канада, Кина, Македонија, Романија, Русија, Турција, Украина, Хрватска, Црна Гора, Чешка и Обединети Арапски Емирати.

Од саемот известувале околу 1.200 акредитирани новинари. (Танјуг)