САМИТ 100 ќе собере во Скопје 150 бизнис лидери од Југоисточна Европа

На 15 и 16 октомври во хотелот Мериот во Скопје , ќе се одржи собир на 150 бизнис лидери од цела Југоисточна Европа.

По успешната траекторија преку Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина, оваа година САМИТ100 се одржува во Скопје, -информираат од Алкалоид.

Во понеделник во оваа успешна македонска компанија , Претседателот  на Управен Одбор на САМИТ100 и генерален директор на ,,Алкалоид“, Живко Мукаетов, и  Јелена Радуловиќ, Програмски директор на САМИТ100, ќе информираат за содржината и целта на самитот.

САМИТ100 е уникатна бизнис иницијатива која на едно место собира околу 150 еминентни бизнис лидери од целиот ЈИЕ регион, чија примарна цел е да се изнајдат конкретни идеи, проекти и предлози за подобрување на поврзаноста во регионот од сите економски и општествени аспекти.

За време на минатите настани, САМИТ100 процени дека во ЈИЕ регионот се потребни инвестиции и подобрувања во повеќе области, како инфраструктура, транспорт, енергетика, дигитализација, брендирање на регионот, подобрување на мобилноста на работната сила, слободно движење на стоки и услуги итн.

Во согласност со овие заклучоци, клучниот збор на овогодинешното издание на САМИТ100 ќе биде “CONNECTIVITY” („ПОВРЗУВАЊЕ“),а главен гостин ќе биде Еврокомесарот за транспорт, Виолета Булц.

Фото:архива,Самит 100,Сараево