Петмината пратеници на ВМРО ДПМНЕ, Крсто Мукоски, Жаклина Пешевска, Сашо Василевски, Јохан Тарчуловски и Љубен Аранудов денеска даваат изјава пред судија на претходна постапка, откако минатата недела им беше одземен имунитетот заради обвинение за учество во организираните крвави настани во Собранието на 27 април.

Но, денеска пред судот се појавија само неколку нивни колеги кои им дадоа поддршка и ги испратија во судница. ВМРО ДПМНЕ за вечерва најави протест  со блокирање на следните крстосници во период од 15 – 17 часот:

– Крстосницата кај „Мавровка“;

– Крстосницата помеѓу улиците „Васил Чакаларов“ и „Ангел Динев“ во Карпош;

– Крстосницата кај „Рампа“ во населбата Кисела Вода.

Воедно ВМРО-ДПМНЕ ќе организира и протест пред Министерството за правда, на улицата „Димитрија Чуповски“, денес во 18 часот, каде ќе има повеќе обраќања пред присутните.