Сам и видно пропаднат, на обвинителна клупа седна тепачот на Шекеринска

Човекот кој беше регистриран од камерите на 27 април во Собрание како ја влече Радмила Шекеринска за косата, откако таа претходно беше удрена со сталак по главата, седна на обвинителна клупа, сам без адвокат до него. Спроти него седеше жртвата, Шекеринска , со својот адвокат Медарски.

Ова е прв судски процес со вакво обвинение од настаните од 27 април.За делото за кое се товари, напаѓачот може да добие од 3 до 10 години затвор.

Напаѓачот Панче Ангелов доби бранител по службена должност, но тие денеска првпат се видоа.

Затоа адвокатот Драган Пешевски побара одложување на судењето за да го запознае Ангелов со неговите права, бидејќи обвинетиот е правно неук. Следното рочиште е закажано за 6 октомври.

Шеќеринска, надвор од судот изјави дека без осуда на нарачателите на насилствата, оние кои ги отвориле вратите и кои го организирале крвавиот четврток во Собранието, нема да има правда.