Саша Богдановиќ го пофали работењето на Жерновски и вети чесна и одговорна работа(видео)

,,Општина Центар во изминатите четири години покажа дека може да се работи одговорно, домаќински, отчетно и во интерес на граѓаните, наместо криминално, расипнички и во интерес на Никола Груевски, како што владееше ВМРО-ДПМНЕ на централно ниво.

Општина Центар е пример за отворена општина, за општина што работи заедно со граѓаните и општина што и покрај постојаните опструкции од централната власт направи многу не само за граѓаните во општината, туку и за унапредување на целокупниот изглед на град Скопје“-рече кандидатот за градоначалник на Центар, Саша Богдановиќ.