Саша Богдановиќ: Се демонтира режимот на Груевски што го силуваше Центар

,,Правдата е бавна, но е достижна. Скандалозното кршење на просториите на Општина Центар и нарачаните шамари за градоначалникот Андреј Жерновски од тогашниот премиер Никола Груевски се случија во 2013 година. „Бомбата“ во која Груевски бара шамари и протести пред Општината Центар ја објавив јас во 2015 година, а ја слушна целата македонска јавност и пошироко“-напиша кандидатот за градоначалник на општина Центар , Саша Богдановиќ, на својот ФБ профил.

,,Еве сега после четири години од срамниот скандал му се суди на Никола Груевски за извршеното демолирање и насилство во општината.
Правото треба да е над сите нас и над сите партиски интереси. Правната држава е темел на здраво општество, а затоа и се боревме – да имаме ред и поредок. Судот треба да ја штити и да ја брани правдата, на што сме сите согласни.
Почитувани сограѓани, полека, но сигурно се размонтирува режимот на Груевски кој го силуваше Центар и кој си ги зароби правдата и правната држава за свои лични и партиски интереси. Режимот ќе биде размонтиран до крај, а правдата ќе биде задоволена-пишува Богдановиќ.

Поради отсуство на двајца обвинети во случајот „Демолирање и нарачано насилство во општина Центар“, повторно е одложено денешното рочиште  за 20-ти ноември.

Обвинителката Фатиме Фетаи побара присилно да биде приведен обвинетиот Димче Крстев, кој не го оправдал отсуството на денешното рочиште. Освен Крстев, отсутен беше и обвинетиот Милан Андоновски.