Сашко Коцев и градоначалникот Бакрачевски се степаа ,,На ничија земја“

Завршната претстава “На ничија земја” со која синоќа, на просторот на воената касарна во Охрид, заврши 57-то “Охридско лето”, имаше уште еден чин-тепачката меѓу актерот Сачко Коцев и градоначалникот на Охрид Никола Бакрачевски.

Имено, според се уште неофицијализирани, но потврдени информации, завршниот чин започнал за време на свечениот коктел, на кој бил и претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, а продолжиле со кошкањето на заминување.

Според очевидци, дошло до конфликт меѓу актерот Сашко Коцев и градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

Наводно, прв започнал актерот незадоволен од фактот што, според него, публиката немала услови да ја следи претставата, заради специфично избраната локација.
На денешниот завршен прес во Дирекцијата на Охридско лето, драмскиот селектор Љутков тврдел дека  градоначалникот немал ништо со изборот на локацијата. Тоа заеднички го направиле Дирекцијата и режисерот Морфов.

МВР потврди дека имало полициска интервенција, а во разделување на двајцата при физичката пресметка учествувал колега новинар од Охрид.