Сведочење на Алан Рушел како го преживеал падот на авионот

 

Видно растревожен, еден од шестмината преживеани во падот на авионот во Колумбија, фудбалерот на бразилскиот Чапекоенсе Алан Рушел (27) на првата прес конференција откако се опорави, раскажа како го преживеал кобниот лет.

Тој рече дека седел во задниот дел на авионот, но директорот на клубот го замолил да се префрли напред за да може новинарите да седнат во задниот дел.

Тој вели дека првин не сакал, но потоа го видел Џексон Фоламан и инсистирал да седна до него.

Рушел воопшто не се сеќава како се урнал авионот и вели кога му раскажуваат се му изгледа како лош сон. Тој е уверен дека Господ му пружил втора шанса, тој ме фати вели фудбалерот, и ми даде втора шанса.

Меѓу преживеаните е и голманот Фолман, а сите други фудбалери, членови на управата на клубот, новинари и членови на екипажот загинаа на 28 ноември.

Медиумите будно го следеа неговото лекување кога беше во болница.