СВР Охрид поднесе кривична пријава за силувањето што се случи во ИШ на ВМРО ДПМНЕ во Требеништа

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.П.М. (20) од с.Требеништа, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “силување”. Пријавениот на 07.10.2017 година околу 18.40 часот во с.Требеништа во штаб на политичка партија ја соборил на земја К.П.(30). Но, после нејзините молби да ја пушти, пријавениот во еден момент застанал и почнал да и се извинува, ја отклучил вратата, и оштетената успеала да избега-стои во соопштението на МВР.

Фото:Архива-од прес конференција на кандидати за советници во Требеништа од ВМРО ДПМНЕ