СДСМ води на повеќе гласачки места во Скопје

Според неофицијални информации што пристигнуваат од терен Изборната листа на СДСМ во ИЕ 1 води на повеќе гласачки места. Особено е висока разликата во Аеродром, Центар и Карпош.

На избирачко место 2853 во Центар од преброените гласови досега СДСМ има освоено 152 гласа ,а ВМРО ДПМНЕ 82. За споредба на последните избори пред овие на истото гласачко место СДСМ имаше 132, а ВМРО ДПМНЕ 102.

На избирачко место 2873 за СДСМ гласале 109, а за ВМРО ДПМНЕ 34. Но, ова се првични резултати, ливчињата уште се бројат.