СДСМ Гостивар се огради од именувањето на Славе Арсоски за директор на Водостопанство

ОО СДСМ Гостивар го известува своето членство дека Славе Арсоски поранешен претседател на ОО СДСМ Гостивар и пратеник од редовите на СДСМ во периодот од 2002-2006 год, од 2006 год. е член на НСДП. Во период од 2006-2008 кога НСДП коалицира со ВМРО-ДПМНЕ тој е поставен на истата функција како денеска, односно директор на ЈП Водостопанство на РМ.

 Фото:Славе Арсоски

ОО СДСМ Гостивар од првиот момент на сознаније дека НСДП го подготвуваат како кадар за погоре наведеното место реагираше кај структурите од НСДП, како на локално така и на Централно ниво, меѓутоа не ги послушаа нашите сугестии. Од тие причини ОО СДСМ Гостивар се оградува од назначување на Славе Арсоски за директор на ЈП Водостопанство на РМ. Односно уште еднаш го потсетуваме членството на СДСМ дека Славе Арсоски не е член на СДСМ, туку тој е член на НСДП и сета одговорност за негово назначување ја сноси НСДП, а ОО СДСМ Гостивар нема влијание. Доколку НСДП уште еднаш не го преиспита својот став укажуваме дека евентуалното коалицирање со НСДП на локално ниво за наредните локални избори е доведено во прашање-се вели во реакцијата на ОО на СДСМ од Гостивар.