СДСМ денеска ќе достави предлог до Собрание за укинување на екстерното

СДСМ денеска ќе го достави предлогот за измени во Закон за образование, со кој на Собранието ќе му предложи укинување на екстерното тестирање.

– Ветивме дека помеѓу првите наши промени ќе биде укинувањето на штетниот проект наречен екстерно тестирање. Сакаме да ги заштитиме родителите и професорите од овој таканаречен проект кој покажа негативни резултати – рече Стефан Богоев.

– Огромен број граѓани го поддржаа овој наш предлог поради стресот којшто го доживуваат учениците и родителите, но и професорите кои се под постојан стрес да не бидат казнети – рече Богоев.

 

Очекуваме по скратена постапка да се донесат законските измени и уште од оваа година да се укине екстерното тестирање за учениците од основното и средното образование-рече Богоев.