СДСМ: Мицкоски ги брани ретроградните политики на Никола Груевски

 

Христијан Мицковски покажува дека нема капацитет да ја надмине матрицата на делување и функционирање на Никола Груевски.
Споменикот дивоградба беше поставен незаконски, без почитување на процедурите и неговото отстранување става крај на насилното, своеволно поставување споменици кои служеа за остварување на криминални интереси, предизвикувајќи поделби меѓу граѓаните.

Затоа овој споменик дивоградба е симбол на насилното владеење на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 11 години. Паметник на погрешното, криминалното, спротивното на интересите на граѓаните.

Загледан во минатото, Мицковски покажува целосна отсутност од релноста. Очигледно нема сила да предизвика вистински промени во ВМРО-ДПМНЕ и внатрешни реформи за демократизација и прогресивни политики кои ќе гледаат кон иднината.

Ретроградните политики на ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски, коишто денеска Мицковски се обидува да ги брани, беа поразени од граѓаните на последните два изборни циклуси.

Демократските, прогресивни сили во општеството, се посветени на владеење на правото и правда за сите, а од тоа не може да има отстапки ниту исклучоци-реагира СДСМ.