СДСМ најмногу пари за рекламирање им дале на Сител 155.637 евра и на Канал 5 106.389 евра

За време на кампањата за двата круга на локалните избори, коалицијата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија се рекламирала на повеќе национални, регионални и локални телевизии., но најмногу пари има насочено кон Сител и Канал 5.

Во рамки на платената политичка програма, на националните телевизии, СДСМ и коалицијата застапена е со следнава минутажа и издвоени финансиски средстав за рекламрање:

Вкупно 32.974 секунди во двата круга на Телевизија Сител, што во вкупен износ, согласно објавениот ценовник на медиумиот би изнесувало: 155.637 евра.

Вкупно 35.463 секунди во двата изборни круга на Канал 5 што во вкупен износ, согласно објавениот ценовник на медиумиот би изнесувало: 106.389 евра.

Вкупно 19.825 секунди платена политичка програма во двата круга на Телевизија Телма, што во вкупен износ, согласно објавениот ценовник на медиумиот, би изнесувало: 93.578 евра.

Вкупно 49.899 секунди платена политичка програма во двата изборни круга на Телевизија 24, што во вкупен износ, согласно објавениот ценовник на медиумиот би изнесувало:73.602 евра.

Вкупно 27.447 секунди платена политичка прорама во двата изборни круга на Телевизија Алсат М, што во вкупен износ, согласно објавениот ценовник на медиумиот, би изнесувало: 71.249 евра.

СДСМ и коалицијата се рекламираше и на неколку регионални и локални телевиизии, радио станици, интернет портали и печатени медиуми-соопштува СДСМ.

 

Во сличен сооднос СДСМ и коалицијата емитуваше платена политичка програма на националните, регионалните и локалните телевизии, како и на радијата, интернет порталите и печатените медиуми и за време на последните парламентарни избори во 2016 година, тврдат од оваа партија .