СДСМ очекува Управен суд да ги земе предвид аргументите од тужбите

СДСМ ќе поднесе 4 тужби до Управниот суд до крајот на денот што се однесуваат на гласањето во избирачки места во изборната единица 6. Управниот суд е должен да ги земе предвид сите основани аргументи во тужбите-изјави портпаролот на СДСМ Петре Шилегов.

,,ДИК не одговори на сериозната задача за целосна заштита на изборниот процес во делот на одлучувањето по приговорите.

Институциите мора да работат во служба на граѓаните!

Режимот е скршен. Завршено е со Груевски во политиката.

ВМРО ДПМНЕ е во опозиција. Граѓаните се свесни за својата победа и не подлегнуваат на провокациите на очајниците во заминување.

Македонија ќе добие влада што ќе работи во интересот на граѓаните,,-изјави Шилегов.