СДСМ уште се надева дека ќе прорабити здравиот разум на Иванов

Ѓорѓе Иванов да овозможи мирен трансфер на власта, наместо да штити криминалци.

Се потврди сценариото на Иванов и Никола Груевски за блокада на демократските процеси за криминални интереси.

Слушнаа граѓаните дека шест милиони евра потрошил братучедот на Груевски, Сашо Мијалков во јануари и во март за да купи депо за нафта-се вели во денешното соопштение на СДСМ.

,,Додека луѓето протестираат надвор, Мијалков ја купува Ом Петрол, чиј управител е неговиот син!

Протестите и блокадата на Собранието на Мијалков и Груевски се со цел да го шират богатството од нафтени складилишта и од повеќе бензиски пумпи.

Цела домашна и меѓународна јавност гледаат што се случува! Никаков патриотизам не е во прашање – криминали се!

Затоа лидерите и институциите на ЕУ, преку претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск побараа демократски начела, пристојност и здрав разум од Горге Иванов.

Никој не смее да го кочи заедништвото кое е јасно нагласено и за напредувањето на Македонија кон членството во ЕУ и НАТО.

Интергациите во Европската унија и НАТО се стратешки определби на граѓаните и на Република Македонија.

Реформските процеси се врвен приоритет во Програмата на новата реформска Влада на унитарна Македонија, којашто обезбедува владеење на правото и квалитетен живот во едно општетство за сите граѓани.

За заедништво, промени и правда се изјаснија над 700.000 граѓани на Македонија, чиишто гласови се преточени во 67 пратенички мандати.

Тоа е демократски формирано парламентарно мнозинство, кое што застана зад претседателот на СДСМ, Зоран Заев и мнозинската волја на граѓаните ќе се реализира. Ќе се формира новата реформска Влада на граѓаните на Република Македонија“-стои во соопштението на оваа партија.