СД: САД со нетрпение очекува да соработува со новата Влада на Премиерот Зоран Заев

САД им честита на Премиерот Зоран Заев и парламентарното мнозинство за формирање на нова Влада во Македонија.

Како пријател и партнер на Македонија, САД со нетрпение очекува да работи со новата Влада која што се залага за исполнување на евро-атлантските аспирации на земјата преку спроведување на итни реформи за јакнење на владеењето на правото и независноста на судството, слободата на медиумите и одговорна власт-се вели во честитката која е објавена на официјалната страница на американскиот Стејт Департмент.