СЕАВУС ја презема ТВ НОВА?

,,Денеска во посета на Телевизија НОВА беше новиот газда на оваа медиумска куќа Игор Лештар. Лештар е газда на успешната фирма Сеавус, своевремено поврзувана во тесни бизнис релации со ВМРО ДПМНЕ.“

Оваа вест ја објави порталот Република, но само по 45 минути ја повлече од својата интернет страница.

Нејасно е што е спорно за да се повлече веста, дали информацијата за новиот сопственик, или неговото поврзување и доведување во тесни бизнис релации со ВМРО ДПМНЕ?!

Во секој случај, добро упатени извори тврдат дека е извесно преземањето на ТВ Нова од групацијата СЕАВУС, која сега е дел и од новинската агенција и информативен портал Макфакс.

ТВ Нова се соочува со финансиски проблеми откако сопственикот Сеад Кочан е предмет на истраги и против него се водат неколку судски процеси.