Обвинетиот Сеад Кочан (лево) пристигнува утринава во Основниот суд Скопје за првото рочиште од судењето за слулчајот на СЈО „Труст“. (Фото: М. Златевска)

Сеад Кочан, првообвинет во случајот на СЈО ,,Труст“, на денешното рочиште пристигна со броеница во раката.

Судскиот процес „Труст”, во кој како првообвинет се јавува  Сеад Кочан, сопственик на „Трансмет”, а второобвинет е синот на пратеничката Владанка Авировиќ, Василије Авировиќ, денеска не можеше да започне, затоа што одбраната тврди дека сите обвинети не ги добиле уредно обвиненијата .

Адвокатката на второобвинетиот Василије Авировиќ,  побара одложување на процесот.

СЈО тврди дека што се однесува до нив, се е уредно доставено.

„Доставивме докази во доволен број, за секој учесник во постапката. 13 примероци на 81 страна доставивме и тука нашата работа заврши. Работа на Советот од Основниот суд Скопје 1 за оценка на обвинителниот акт е дали ги доставил и зошто не ги доставил до обвинителите и листите со докази покрај обвиненијата”, рече обвинителот од СЈО Гаврил Бубевски.

Во случајот „Труст“ обвинетите се товарат за фалсификување документација за добивање тендер од ЕЛЕМ тежок 17 милиони евра. Покрај Кочан и Авировиќ, обвинет е и Сафер Ватиќ, сопственик на “Вато Дооел Студеничани”. Судењето се одложи за 14 ноември .

Фотографијата е преземена од порталот СДК