Седницата на ДИК одложена заради безбедносни причини

Седницата на Државна изборна комисија која требаше да почне попладне е одложена заради безбедносни причини. Група припадници и поддржувачи на ВМРО се собраа пред седиштето на комисијата, а на социјалните мрежи и преку СМС пораки структури на партијата под изговор дека ДИК сака да им ја украде победата, го мобилизираа членството за протест. Како што неофицијално се дознава дури се организирани автобуси за носење на демонстранти пред ДИК.

Седницата на која треба да се разгледаат 16 приговори за нерегуларности при гласање и внесување гласови во записници, најверојатно ќе се одржи утре.

По 8 приговори поднесоа СДСМ и БЕСА и тоа за Изборните единици 2,5 и 6.