Секнаа субвенциите, избегаа авио-компаниите

Од неодамна, поточно во последните месец дена, патниците од нашата држава повторно ќе мораат да ги комбинираат своите летови доколку сакаат да стасаат до Рим , Прага и Женева.

Имено, од скопскиот аеродром неделно има помалку 9 полетувања кон овие дестинации, откако компаниите Алиталија, Свис Ерлајнс и Чех Ерлајнс ги укинаа директните летови кон овие дестинации.

Тие не даваат официјални одговори зошто го прават ова, но јасно е дека летовите се укинати заради непрофитабилност, бидејќи завршија владините субвенци за некои нискобуџетни компании кон некои дестинации.

Италијанската новинска агенција Нова јави дека компанијата се одлучила на ова, поради помалата побарувачка од очекуваното. Последниот лет меѓу Рим и Скопје ќе биде на 30 ноември, додека продажбата на билети веќе е стопирана. Одлуката доаѓа по две и пол години од воведувањето на линијата.

Македонската влада последните неколку години воведе принцип на субвенционирање на Визер, нискобуџетна компанија, по што беа воведени повеќе директни летови како за Лондон или Венеција на пример, но економистите предупредуваа дека оваа политика е со краток здив, сериозните компании ќе бегаат, а потоа проблемот со повторно воспоставување на тии линии ќе биде потежок.

Имено, нискобуџетните компании за слетување ги избираат алтернативните аеродроми низ европските дестинации, како на пример во Лондон-Лутон, а не Хитроу, каде и услугите се на различно ниво, што пак за голем број паатници и не е важно, ако се знае дека цената е пресудна при купување на билет.

Европската комисија во март годинава отвори и истрага за субвенциите што македонската Влада и ги дава на унгарската компанија Визер. Од „Аустриан ерлајнс“ тогаш соопштија дека Владата ја поттикнува нелојална конкуренција во авиосообраќајот и дека навистина е тешко да се натпреваруваат со субвенционирани нископрофитни компании.