Секојдневен осумчасовен штрајк на вработените во весниците на МПМ

Штрајкувачките одбори  на Дневник, Утрински весник и на Вест донесоа одлука за зголемување на времетраењето на штрајкот на 8 часа почнувајќи од понеделник 13 март 2017година.

Одлуката е донесена заради тоа  што и по усните ветувања од раководството дека се прават напори за да се исплати  јануарската плата до  петок, платата за месец јануари 2017 година  не е исплатена и нема никаквов прецизен рок кога тоа ќе се случи, а нема ниту прецизна информација што ќе се случува со компанијата во наредниот период.

Револтот кај вработените е голем поради влошената економско-социјална положба  и игнорантскиот однос на менаџментот. По барањето  на мнозинството од вработените штрајкувачките одбори  донесоа одлука за радикализација на штрајкот.