Семејството и пријателите трагаат по Сњежана Тројачанец која утрото излегла од дома и не се вратила

Утрината во Скопје исчезнала Сњежана Тројачанец , професорка на факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, член на Катедрата за здравје и благосостојба на животните, како и член на заедницата на Хрватите во Македонија.

Тројачанец се лекува од депресија, и како што каѓува нејзиниот сопруг, таа последниот месец не излегувала од дома и била на домашно лекување. Први за нејзиното исчезнување алармираа нејзини блиски пријателки на Ф. Сопругот на Тројачанец напиша:

-Ве молам помогнете ми да ја најдам мојата сопруга и мајката на нашите синови, Снежана Тројачанец! Не знам кога излегла од дома, тоа се случило додека спиев, можеби било и во тек на ноќта, не можам со сигурност да кажам, јас забележав дека ја нема утринава кога станав, околу седум часот. Ладно е надвор, се стемнува, итно ни треба помош – апелира Пламен Тројачанец.

Тој додава дека Снежана има 52 години, убава и витка жена е со сини очи, а претпоставува дека е облечена во пижами, бели со шари. Забележал дека и ја нема јакната, во кафена боја со каиш, и вели дека најверојатно ја носи на себе.

,,Мојата сопруга веќе еден месец е на домашно лекување, страда од депресија. Никогаш во минатото не се случило да замине вака, сите ја бараме. Постојано добивам пораки дека е забележана на еден или на друг крај на градот, апелираме до такси возилата и до ЈСП ако ја забележат веднаш да ни јават’’ – вели сопругот на Сњежана Тројачанец.