Сеп Блатер обвинет за сексуално вознемирување од фудбалерка која тврди дека ја фатил за задникот

Фудбалската репрезентативка на САД, Хоуп Соло, го обвини некогаш најмоќниот човек во светот на фудбалот, поранешниот прв човек на ФИФА,Сеп Блатер, за сексуално вознемирување.

Голманката на американската женска фудбалска репрезентација, објави дека инцидентот се случил во 2013 година, на доделување на наградите во организација на ФИФА, кога таа се качила на бината со нејзината колешка Еби Вамбах.

,, Блатер ме фати за задникот… Бев во шок. Целосно. Но, брзо се прибрав, бидејќи колешка беше наградена и затоа бев таму . По ова не сум се сретнала со Блатер, и навистина ми е жал што немав можност да му кажам в лице ,,никогаш ова да не тие се повтори“-изјави по цели 4 години од наводниот настан Хоуп Соло.

Во последните неколку години се редат бројни приказни за наводни сексуални вознемирувања , пред години, па и децении, меѓу личности од јавниот живот.