Серена Вилијамс роди ќерка

Поранешната најдобра светска тенисерка, 36-годишната Американка Серена Вилијамс, за првпат стана мајка. Таа на клиника во Флорида роди девојче.

Серена Вилијамс се породила во приватната клиника „Сент Мери“.

Таа на 19 април откри дека  е трудна, објавувајќи селфи со својот партнер, на кое се гледаше нејзиниот стомак. Тогаш напиша дека е во 20 недела од бременоста.

Бебето е тешко 3 килограми и 100 грама.

Вилијамс е во врска со основачот на ,,Редит“, Алекс Оханијан .

Иако заради бременоста  официјално се повлече од тениските терени, Серена потенцираше дека тоа не значи и дефинитивен крај на нејзината тениска кариера.