Серија А: Аталанта лесно го победи Кротоне

Фудбалерите на Аталанта го победија на гостински терен Кротоне со 3:1 во шестото коло од италијанската Серија А.

Аталанта во првото полувреме го декласираше Кротоне и практично тогаш го реши натпреварот, со оглед на тоа дека после 45 минути водеше со 3:0.

Гостите од Бергамо поведоа веќе во третата минута со голот на Андре Петањан. На 2.0 зголеми Јасмин Куртиќ во 40 минута.

Во првата минута од судиското продолжение на времето Александро Гомес со сјаен удар од работ на шеснаесетникот го постигна третиот гол.

Аталанта од 62 играше со играч помалку, откако Франк Кес поради остар старт доби директен црвен картон.

Кротоне делумно ја искористи предноста. Во 86 минута стигна до гол, а стрелец беше Сими.
Аталанта после шест натпревари е на 16-то место со шест бодови, додека, пак, Кротоне е последен со само еден бод.