Серија земјотреси во Грција

Серија помали земјотреси ноќеска се почувствувани во соседна Грција, по најсилниот што се случи околу 25 минути по полноќ со јачина од 5 степени според Рихтер.Епицентарот бил на длабочина од 10 километри, во околината на Солун.

Земјотресот е почувствуван и во јужните делови на Македонија, во Гевгелија, Струмица и во Валандово.

Жители на овие градови, но и на струшкиот регион реагираа на социјалните мрежи, информирајќи дека потресот се почувствувал и кај нив.

Потресот во Грција бил по хоризонтална линија, а тлото се тресело и во Бугарија, во пограничните делови со Грција.