Се апсат државни службеници кои незаконски одобрувале субвенции

Полицијата денеска спроведува акција за сузбивање на злоупотреба на службена положба и овластување при распределба на земјоделски субвенции, потврдуваат за МИА од МВР.

Приведени се неколкумина државни службеници, за кои по претходна истрага е утврдено дека ја злоупотребиле службената должност при распределба на субвенции.

Тие со полициска придружба се однесени во суд за да дадат искази.

Повеќе детали од МВР најавуваат во текот на денот.