Се врати Бабо

Фикрет Абдиќ Бабо победи на локалните избори за градоначалник на Велика Кладуша во Б и Х. Според официјалните резултати тој со голема разлика е прв според гласовите и има освоено 8915 гласови, додека второпласираниот кандидат има 4757 гласа.

Фикрет Абдиќ на пошироката јавност од бившите југословенски простори и е познат како еден од најуспешните стопанственици и директор на агрокомбинатот Агрокомерц од Велика Кладуша.

Се кандидираше како кандидат на Лабуристичката партија.

Тој, по граѓанската војна мораше да избега од неговиот роден град, а подоцна во 2003 година во Хрватска беше осуден на 20 години затвор за воени злосторства. Врховниот суд му ја намали казната на 15 години.

Во 2012 е пуштен од затворот во Пула, бидејќи отслужи две третини од казната.

Против него се уште се водат судски процеси во Ријека за економски криминал.

Фикрет Абдиќ имаше неверојатна популарност во неговиот роден град, а и во цела Б и Х, но и пошироко во поранешна СФРЈ.