Градежниот факултет во Скопје гори! Овие информации и фотографии на социјалните мрежи ги споделија повеќемина, а како што може да се види, над еден од најстарите факултети во Македонија се издига густ чад. Противпожарните единици имаат проблем заради паркирани возила да се пробијат до зградата, а дополнителна тешкотија се и несовесните возачи на улица ,,Партизанска“, кои не им даваат предност на поминување. Наскоро повеќе информации за ова…