Се обеси работник во кругот на фабриката ,,Гоша“ во Смедеревска Паланка

Заради тешката материјална состојба во која се наоѓал, работник на фабриката за шински возила во Смедеревска Паланка, Р Србија, си го одзел животот со бесење. Неговите колеги го пронашле рано утрината кога дошле на работа.

Работникот Д.М. од Велика Плана се обесил на своето работно место, а крај неговото тело е пронајдена порака во која ги навел причините за својата одлука.

Неговата тешка материјална судбина ја делат речиси сите работници во фабриката за шински возила ,,Гоша“, кои со месеци не зеле плата. Тие често штрајкуваат и со глад, но сопственикот на фабриката, словачката фирма ЖОС, не сака ниту да разговара со нив.

Многу ретко им префрла по некој динар, периодично по 2-3000 динари што е околу 1500 денари.

Државната фабрика за шински возила од Смедеревска Паланка беше продадена на приватен инвеститор од Словачка во 2007 година.