Силен земјотрес во Иран

Најмалку три лица загинаа и над 200 се повредени во земјотресот со интензитет од 5,7 по Рихтеровата скала што го погоди Иран изминатата ноќ.

Епицентар на синоќешниот земјотрес бил во местото Пишкалех што се наоѓа на околу 800 км североисточно од Техеран, во кое живеат над 2.000 жители.

Земјотресот предивикал прекин во снабдувањето со струја.

Рано утрината во 4 часот и 8 минути скопскиот регион беше погоден со земјотрес чиј интензитет беше 4 степени според Рихтер и ги разбуди и вознемири жителите на Скопје и околината.