Син го уби татко си со нож во скопската населба Црниче

Синоѓа во 22:15 часот, во стан на улица ,,Васко Катарџиев“ во скопската населба Црниче, се случи убиство. Синот со нож го убил својот татко , 68 годишниот Љ.Т. За крвавата драма полицијата добила пријава  од  сосетката која слушнала како нејзините соседи се тепаат, но и бараат помош.

Полициска екипа веднаш пристигнала, но убиството веќе било случено. Од страна на лекарска екипа констатирана е смрт на таткото.  Од МВР информираат  дека имало семејна расправија помеѓу Љ.Т. (68) и неговиот син И.Т. (41).

Сведок на крвавиот настан била сопругата и мајка на убиецот . Таа рекла дека додека со Љ.Т. седеле во дневната соба, дошол синот и ја скршил влезната врата, влегол внатре, по што неа ја избркал од собата и започнал да го тепа таткото. Набрзо потоа му нанел неколку убодни рани со остар предмет, по што избегал.

Во текот на ноќта, синот се јавил во Ургентниот центар и побарал лекарска помош поради исекотина  на левата рака, по што бил приведен од страна на полицијата.

Врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција, а се преземаат мерки за целосно расчистување на убиството.