Системот на УЈП паѓа, казните тропаат на врата на фирмите

​Павлинка Лазарова која има книговодствено биро јавно го изрази својот револт,предупредувајќи дека некои од фирмите за кои таа извршува дејности, може да добијат казни, поради нефункционирањето на електронскиот систем на УЈП.

​-Да прекинат со објавување дека ако не се поднесе пријава ќе добиете казна, глоба од илјадници евра , туку да си ги засукаат ракавите и да се зафатат со нивната работа, апелира таа до УЈП и до вработените таму, кои можеби во иднина можат и самите да се најдат од другата страна на шалтерите на УЈП и да ги имаат истите главоболки како и тие.

Во своето обраќање таа по​бара итна реакција на Управата за јавни приходи, посебно затоа што секоја година во истиот период кога се поднесуваат даночните пријави и има навалица, системот не може да го издржи тоа. Книговодителите во Кавадраци прашуваат дали конечно може да се среди тој проблем и зошто не се набават нормални сервери и квалитетни информатичари кои ќе ја имаат целата работа во малиот прст?

​Поради масовното поднесување на даночни пријави и годишни извештаи во овој период, а со цел да не се оптоварува системот е–даноци, се препорачува обврзниците да ги поднесуваат ддв-пријавите во текот на денешниот ден како краен рок преку системот е-даноци, а приоритет на годишните даночни извештаи да дадат во наредните денови, земајќи го предвид дека рокот за поднесување на истите кој е до 31 јануари 2017 година, информираат од Управата за јавни приходи како одговор на овие реакции.

Билјана Н. Тошевски