Скандалозна шега на Отец Пимен на ФБ на сметка на Анима Мунди, кучињата и Кинезите

Отец Пимен на својот ФБ профил постираше, во најмала рака, неприфатлива и скандалозна шега.

Тој под фотографија со печено прасе напиша:

,,Е па анима ние се најадовме. Туку со кучињава шо правиме? Кинези да викаме?!?“

Отец Пимен често го привлекува вниманието на јавноста со разни досетки на ФБ, коментари, па и со начинот на својот живот. Но, овојпат се чини, претера и ја помина границата на добар вкус и на пристојност.

Отец Пимен, што сакавте да кажете со ова? Имате ли објаснување?

АКО.мк