Скандалозниот Ник Кирјос

Австралискиот тенисер Ник Кирјос го предизвика гневот на публиката во Шангај, откако неспортски одби да игра како што треба на мечот со германскиот тенисер Миша Зверев.

Тој цело време делуваше незаинтересирано, само го префрлаше топчето, а дури и судијата го опомена дека таквото однесување е непрофесионално.

По мечот на публиката и порача дека не мора да доаѓа да го гледа, но потоа на твитер се извинуваше.

Кирјос постојано прави скандалозни испади на турнирите, но без конкуренција е оној со Стан Вавринка , кога во текот на мечот му дофрлаше дека неговата нова девојка, исто така тенисерка, спиела со негов другар.