Словенија се подготвува за нов бран бегалци

На најголемиот граничен премин меѓу Словенија и Хрватска, Бреган-Обрежје, словенечката влада почна да гради висока метална ограда, а пред два дена на ист начин е одбележан и почетокот на исто таква ограда на граничниот премин Мацељ-Грушковље.

Словенечката новинска агенција СТА ја пренесува изјавата на државниот секретар во МВР Словенија, кој најави дека големите капии ќе бидат затворени во случај на нов голем бран бегалци.

Вкупната должина на оградата е 27,5 километри,а освен овие метални брани, Словенија досега постави 183,5 километри жичена ограда.

Новиот хрватски премиер Андреј Пленковиќ изјави дека не гледа причина, во овој момент, за ваква реакција на нивниот сосед. Тој сепак нагласи дека со сите соседи ќе се обидат да најдат механизам за спречување на нов бегалски бран кон европските земји.