Слоун Стивенс од 957 позиција стана победничка на УС Опен

 

Американката Слоун Стивенс е победничка на Отвореното тениско првенство на САД. Таа синоќа на убедлив начин за само еден час игра, со 2-0 во сетови ја совлада сонародничката Медисон Киз.

24-годишната Стивенс кија пред 11 месеци имаше операција на ногата и беше неизвесна нејзината кариера,  е петтата тенисерка во историјата на УС Опен кој стигнува до трофејот, а пред стартот да не биде ниту на пошироката листа на фаворитки. Ова беше прва Грен слем титула за неа во кариерата, а претходно на турнирот во Њујорк најдлука стигнуваше до четвртото коло (2013 година).

По освоениот прв трофеј од Грен слем турнир, Стивенс од понеделник ќе влезе меѓу првите 20 тенисерки на ВТА ранг листата, а на почетокот на август беше на 957. позиција.

Во машкото финале вечерва играат Рафаел Надал и Кевин Андерсон.