Снимател на ТВ 21 беше 6 часа во полициска станица под сомнеж дека ја снимал судијката од ,,Дива Населба“

Снимателот на ТВ 21, Ибрахим Мамути, бил задржан во полициска станица 6,5 часа, поради тоа што полицијата се сомневала дека за врфеме на судскиот процес ја снимил судијката од Дива Населба, информираат од оваа телевизија.

„Денеска околу 12:30 минути влеговме во судница за да направиме инсерти од обвинетите. Полицијата се посомнева дека сум ја снимил  и судијката. Еден мој колега се обиде да ја фотографира судијката, но не ја направи фотографијата. Јас бев близу него, така што полицијата помислила дека сум ја снимил јас и одеднаш станав сомнителен“- изјави за ТВ 21, нивниот снимател Мамути

Потоа полицијата му ја одзела камерата, го прегледала целиот материјал и бил однесен во полициска станица.

 

„ Ни поставуваа прашања, како, што… На крај се убедија дека немам снимки од судијката и после 5 или 6 часа, ме пуштија“, рече Мамути.

„За жал во Македонија, иако власта се менува, непријателскиот однос на власта кон медиумите останува ист. О ва е дополнителен доказ дека во Македонија, новинарите продолжуваат да се третираат како криминалци. Додека криминалците, се шетаат слободно низ градот, новинарите се држат по 6 часа на распит за ништо. Ние се заинтересиравме веднаш, за да разбереме каков „грев“ направиле. Од Обвинителството ни рекоа дека тие не дале никаква дозвола новинарите да се спречат во извршување на нивната задача,  а од друга страна, полицијата вели нешто друго. Јас мислам дека ова неодговорно однесување на полицијата се прави со намера да се заплашат новинарите. Ова е многу јасна порака. На новинарите да им се стави на знаење дека тие треба да се плашат од полицијата и треба да внимаваат што пишуваат. Ова е „слободата“ која некој ни ја донел. Ова не е слобода“, рече за ТВ21, претеседателот на ЗНМ, Насер Селмани.