Советник на ВМРО ДПМНЕ наместена за младински претставник во РИКО

Советник  од редовите на ВМРО ДПМНЕ во кабинетот на генералниот секретаријат на Собранието,  е новиот претставник за Македонија во РИКО, односно  Канцеларијата за соработка на млади од Балканот.

Таа, како што тврдат неколку невладини организации е именувана незаконски и со измама, бидејќи нивните потписи депонирани за да конкурираат со свои претставници се злоупотребени.

Ова балканско тело е примамливо заради големите и многубројни грантови кои се делат преку него за активности на младински невладини организации.

СДСМ најави дека ќе спроведе ревизија на овој избор.

,,Најавуваме дека ќе биде предмет на ревизија на правениот избор на младински претставник во Канцеларијата за соработка на млади од Западен Балкан, РИКО.

Во изборот најдрско се вмеша власта на НиколаГруевски,преку фиктивни младински организации и преку Агенцијата за млади и спорт,што е недозволиво.

Избраната Бојана Наумовска не може да брани младински интереси во РИКО бидејќи е советник на ВМРО-ДПМНЕ во Собраниетона Р.М. Таа не го исполнува клучниот критериум, односно не е поддржана одниту една младинска организација.

Оваа раководна позиција е многу значајна бидејќи организацијата РИКО одлучува колку средства и зашто ќе се слеат кај младинските организации воМакедонија. Овие организации се дел од младинскиот активизам против невработеноста на младите и иселувањето, за квалитетно образование и други слични прашања, зашто младите луѓе треба и мора да бидат оставени да се борат преку свои легитимни претставници, а не личности блиски до власта.

По 11 декеври ќе подлежат на ревизија и сите други контроверзни одлуки што го загрозија младинското организирање. За 44 дена, младите во Македонија слободно ќе одлучуваат за нивниот начин на организирање, за нивните претставници, ќе бидат вклучени во носењето одлуки за сите прашања од нивен интерес и активно ќе ги креираат политиките за нивен квалитетен живот во родната земја” – стои во соопштението на оваа политичка партија.