Советниците во Јагодина ќе седат на столици, фотелјите продадени за хуманитарни цели

Советниците на општина Јагодина во Србија, пред неколку денови едногласно донеле одлука сите фотелји во општината да ги продадат на аукција, а парите да ги наменат за семејства со мали примања и повеќе деца.

Оваа уникатна идеја е на претседателот на Советот, Драган Марковиќ-Палма, кој секојдневно изненадува со бизарноста.

-Политичарите не заслужуваат да седат во фотелји, додека некои граѓани нема што да јадат-изјави Палма.

Отсега советниците и други функционери во оваа општина ќе седат на дрвени столици!