Во знак на револт од начинот на владеењето на гарнитурата предводена од СДСМ, советничката група на ВМРО ДПМНЕ поднесоа оставки и најавија дека повеќе нема да учествуваат во работата на советот.

Советот на општина Вевчани брои 9 советници од кои четворица се од редовите на ВМРО ДПМНЕ .

Ова е прв ваков случај во Македонија советници да поднесат неотповикливи оставки. Претходно од истите причини членовите на советот во Ресен ја бојкотираа седницата во знак на солидарност со притворените за инцидентот во македонското Собрание што се случи на 27-ми април.