Сопственик на менувачница застрела и уби двајца разбојници при обид за кражба

Денеска (27.11.) во попладневните часови, поточно во 16,35 часот во Единицата за известување и команда добиена е пријава дека на улицата “Борис Трајковски“ во Скопје, во менувачница, имало пукање од огнено оружје.

Полициски екипи од СВР Скопје веднаш по дојавата излегоа на местото на настанот каде што во присуство и надлежност на дежурен јавен обвинител е започнат увид.
Според првичните сознанија, две засега непознати лица, на чија што идентификација се работи, влегле во посоченото време во менувачницата во која што се наоѓал сопственикот на  Г.А. (58) од Скопје. Во обид да извршат разбојништво и вооружени со огнено оружје, настанала, прво, физичка пресметка со сопственикот на менувачницата, по што Г.А. посегнал по пиштол и пукал во правец на напаѓачите кои починале на местото на настанот.

СВР Скопје во соработка и координација со дежурен јавен обвинител работи на расчистување на случајот и по неговото целосно документирање, јавноста ќе биде благовремено информирана