Сопствениците на Јоркширски Териери се најсреќни

Здруженијата за заштита на животните во светот постојано истражуваат какви се односите меѓу сопствениците и  нивните миленици и што е најдобро за едните и за другите.

Една таква организација во Велика Британија  спровела истражување за тоа како одредени раси на кучиња влијаат на однесувањето на нивниот сопственик, но и за тоа каква личност е тој. 

 

Истражувањето е спроведено на примерок од  од две илјади песови и нивните сопственици.Резултатите се следни:

Сопствениците на јоркширските Териери  се смеат во просек десет пати дневно и истражувачите заклучиле дека тие се ,,најсреќните’’ сопственици.

Најобразовани сопственици се покажале тие на златните ретривери.Од сите сопственици вклучени во ова истражување,четвртина од нив имале магистрирано или докторирано.

Сопствениците на чивава се тие што најмногу од времето го поминуваат со своите миленици.Во просек со својот пес поминуваат 16 часа дневно.

Сопствениците на Далматинци повеќе трошат на играчки и нега на милениците од сите други. Исто така поголемиот број од нив сакаат спортски автомобили и други ,,скапи“ и грачки и за себе.

Сопствениците на француските Булдози се најголеми ,,рокери“,а нивниот миленик за нив знае најмногу, односно најмногу ги познаваат навиките на своите господари. Овие сопственици се подготвени да се ,,врзат“ трајно за својот миленик, но не се однесуваат исто во љубовта. Тие многу често ги менуваат своите партнери.

Истражувањето покажало дека сопствениците на Лабрадори се најчесто самци и преферираат таков начин на живот.

Тие кои се грижат за слатките мали Мопсови, имаат најсреќни бракови,а исто така имаат и најголеми приходи,додека најслабо се платени сопствениците на германската Дога.

Ленс Вокман,психолог на Бат Спа  универзитетот во соработка со британскиот кинолошки сојуз, ова истражување го спроведе за да види какви личности со какви кучиња си одговараат.

Дојде и до овие интересни податоци:

Сопствениците на малата Чивава се најподготвени на нови искуства, додека пак тие што се грижат за Лабрадорите имаат најдобри карактери.

Сопствениците на Бордер Коли, Булдог и на Германските овчари се најотворени како личности. Луѓето што се грижат за Бигл и  за Авганистански хрт се емоционално најстабилни, покажува ова истражување.

Подготви:Ангела Лазаревска