Од ноќеска во 3 часот по полноќ, почнува зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час назад, што значи дека времето во три часот, ќе се смета како два часот по полноќ.

Зимското сметање на времето почнува последниот викенд од октомври и трае до последниот викенд во март кога започнува летното сметање на времето.