Со службено возило на пешачка патека за да се поправат клупите за седење

Екипа на ,,Паркови и зеленило“ денеска своето службено возило го паркираше на сред пешачка патека на шеталиштето крај Вардар во општина Аеродром. Патеката беше блокирана подолго време за минувачите, а возачот се чудеше зошто реагираат и ни се обрати со зборовите дека не смееме ништо да објавиме, бидејќи тие се испратени од ,,Паркови и зеленило“ да ги поправат искршените делови на клупите за седење.
Image may contain: sky, outdoor and nature
Секако, тоа е проблем плус, а не оправдување, но нејасно е како и од каде е довезено возилото на патеката која е исклучиво за пешаци и на која не е дозволено движење на велосипеди и мопеди. Во приколката од џипот Лада Нива имаше , покрај штици за клупите, и еден орман. Под пешачката, постои асфалтирана велосипедска патека, на којашто понекогаш може да поминат камиончиња за собирање на смет и суви гранки и толку. Оваа патека има пристап за возила.
Image may contain: sky, road, outdoor and nature
 Отсуство на професионализам и чувство на одговорност, но и основна култура на живеење и почитување на заедничкиот простор, се секојдневни македонски прилики и слики.
АКО.мк