Со теренско возило поминал низ коледарски оган и прегазил двајца славеници

На 06.01.2018 година околу 01.40 часот во с.Мирковци, скопско, на место викано „Горно Маало“, каде по повод Бадник имало запалено оган и биле присутни повеќе граѓани, им се доближил И.П. од с.Кучевиште и им се заканил дека со неговото возило ќе помине низ огнот и дека ќе ги прегази. Потоа, И.П. го стартувал неговото теренско возило „Мерцедес“ со непознати регистарски ознаки, тргнал кон присутните граѓани, поминал низ огнот и удрил во М.Б. (39) и Б.К. (39), двајцата од с.Мирковци. После тоа, И.П. избегал во непознат правец. Со возило на Итна медицинска помош, М.Б. и Б.К. биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде им биле констатирани телесни повреди. По укажаната лекарска помош, двајцата биле пуштени на домашно лекување. СВР Скопје презема мерки за целосно расчистување на случајот.