Со 82 гласа ЗА, Собранието го донесе законот за стечајци

Пратениците со 82 гласа ЗА , го изгласа Законот за стечајци со кој се решава проблемот на 3.000 стечајци.

3.000 стечајни работници ќе бидат обештетени со новиот Законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатија со доминантна сопственост на државата, во јавноста познат како ,,Закон за стечајци’’.

Тие ќе добиваат 7.596 денари месечно, за што се обезбедени средства во Буџетот.

Со измените на Законот за стечајци се опфаќаат невработени лица на кои им престанал работниот однос во претпријатија со доминантна сопственост на државата после 1 јануари 1995 година, а заклучно со 31 декември 2016 година.

Невработено лице може да се стекне со правото доколку ги исполнува следниве услови:

Лице кое било најмалку 15 години во работен однос во претпријатија со доминантна сопственост на државата, утврден со М1/М2 обрасци; потоа лице на кое му престанал работниот однос во претпријатие со доминантна сопственост на државата, по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок и на кое на денот на влегувањето во сила на овој закон е на возраст од најмалку 52 години (жена) односно 55 години (маж);

За да го оствари правото на надоместок треба на лицето треба работниот однос му престанал заклучно со 31 декември 2016 година.

Ова право ќе го добие и ако остварило право на паричен надоместок по 1 јануари 1995 година и кое по остварувањето на правото на паричен надоместок не било вработено на неопределено време, односно работниот однос не му престанал по негова волја и вина.